Владата објави централна веб страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

2 април 2020

Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.

Премиерот Спасовски и министерката Апостолска: Американската компанија „Теламон“ ги препозна одговорните и стимулативни политики на Владата

04 март 2020

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, ја посети американската компанија „Теламон“ и се запозна со нивните тековни активности и производни капацитети во нашата земја, во кои се произведуваат кабли за автомобилската индустрија.

Министерот д-р Бардуљ Даути во службен состанок со преставници од компанијата ГЕС

 21 Февруари, 2020

 Министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија, г. Бардуљ Даути, на   ден 21 Февруари 2020 во 14 часот во салата 117 на Владата на РСМ имаше средба со претставниците на компанијата ГЕС од Каиро,   Египет кои потпишале договор за инвестирање во индустриската зона во Скопје во 2016 год.

Апостолска на македонско-бугарски бизнис форум: Економијата поставена на цврсти темели, компаниите се повеќе инвестираат и растат

28 февруари 2020

Mинистерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес учествуваше на „Бугарско-македонскиот бизнис форум – Заедно можеме повеќе“ кој се одржа во Куманово, на кој беа присутни претставници на бизнис заедниците од Северна Македонија и Бугарија, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, како и претставници на државни и локални институции.

ДЕМАНТ ДО ТВ АЛФА ЗА ПРИЛОГ ЕМИТУВАН ВО ВЕСТИТЕ

28 февруари 2020

Интегрално го пренесуваме демантот кој беше испратен до ТВ АЛФА, во врска со прилог емитуван во Вестите на 26.02.2020:

Вицепремиерката Царовска и министерката Апостолска во посета на компанијата „ВИК груп“ - За над 5000 лица е зголемен бројот на вработени во компаниите кои работат во ТИР зоните

26 февруари 2020

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска денес ја посетија „ВИК груп“, компанија со германски капитал која во технолошко-индустриската развојна зона во с. Алинци, Прилеп во 2018 година започна со изградба на фабрика за производство на електрични апарати наменети за употреба во домаќинствата.

Министерката Апостолска: Домашните компании ја препознаа поддршката од Владата, засилено инвестираат и го модернизираат производството

11 февруари 2020

Во рамки на активностите за посета на компании со домашен капитал, корисници на мерки од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес ја посети „Лион“ од Св.Николе, која произведува кондиторски производи и во 2018 година согласно овој закон потпиша Договор за финансиска поддршка за започнат инвестициски проект од 2017 година.

Министерката Апостолска: Го стимулираме растот на платите во приватниот сектор, со цел зголемување на мотивацијата кај работната сила да остане во индустријата

10 февруари 2020

Во рамки на теренските активности кои претходеа на денешната редовна седница на Владата на Република Северна Македонија, која се одржува во Охрид, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска ја посети печатницата „Коста Абраш“, која минатата година склучи договор за користење на мерки од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Премиерот Спасовски и министерката Апостолска во посета на ЛТХ Леарница: Владата направи пресврт во поддршка на бизнисите, се испорачуваат реални ефекти - Нова инвестиција од над 15 милиони евра

10 февруари 2020

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, придружувани од градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески и директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, во рамки на теренските активности како дел од агендата за денешната редовна седница на Владата на Република Северна Македонија, ја посетија ЛТХ Леарница, компанија со словенечки капитал која се занимава со леење и машинска обработка на алуминиумски компоненти наменети за автомобилската индустрија. Во 2018 година компанијата започнува нова инвестиција од 15,3 милиони евра, со кој се прошируваат производствените капацитети и постоечките 500 работни места ќе се надополнат со 58 нови работни места.

Вицепремиерката Царовска и министерката Апостолска во посета на компанијата „Раде Кончар контрактори и релеи“: Владата води одговорни економски политики насочени кон работниците и работодавачите

05 февруари 2020

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ ја посетија компанијата „Раде Кончар контрактори и релеи“, една од 220-те компании кои што добија државна поддршка преку мерките на Законот за финансиска поддршка во изминатите две години.

Pages

Subscribe to Front page feed