Почетна

 

 

Министерот Хасан оствари средба со делегација од Р. Турција

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан вчера оствари средба со делегација од Р. Турција која беше предводена од заменик министерот за земјоделство и шумарство, Мехмет Хади Тунч и претседателот на Сојузот на извозници од егејскиот регион за овошје и зеленчук, Хајретин Учак, во придружба на неколку заинтересирани претставници од бизнис заедницата.

Најавен македонско-турски бизнис форум, министерот Елвин Хасан во работна посета на Р. Турција

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                               

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции , Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што учествува на 88-миот Меѓународен Саем во Измир. На саемот учествуваат високи делегации од цел свет кои тука имаат можност да ги зајакнат трговските врски, а исто така да придонесат и за развој на културните односи. Во склоп на саемот се одржуваат и „деловни денови“, на кои се спроведуваат деловни состаноци и се потпишуваат билатерални договори меѓу делегациите, со што се создаваат силни трговски врски.  На деловните денови  во Измир учествуваат 190 делегации, 14 министри од различни држави и регионални стопански и индустриски комори  во покровителство на Министерството за трговија на Република Турција.

Апостолска: Владата посветено работи на унапредување на бизнис климата

05 септември 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска во рамки на активностите за претставување на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите пред стопанственици од различни региони на земјава, денес имаше работна средба и со членки на регионалната комора при Стопанската комора на Македонија во Кичево, на која учествуваа претставници на домашани и странски компании од овој регион.

Апостолска: Владата го унапредува системот за поддршка на стопанството

30 август 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес имаше работна средба со регионалната комора при Стопанската комора на Македонија во Струмица, на која беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна